
Арсенал објави официјално дека го има трансферирано Мартин Субименди од Реал Сосиедад. “Топчиите” ќе ја платат откупната клаузула на шпанскиот репрезентативец, која изнесува 51 милион фунти (60 милиони евра).
Според медиумите на Островот, лондонците ќе додадат уште неколку милиони, за да успеат да ја исплатат клаузулата на неколку транши. “Би Би Си” тврди дека зделката ќе се движи околу 60 милиони фунти.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Субименди, кој потпиша договор на пет години, е второто ново засилување на Арсенал за ова лето по Кепа Арисабалага, кој беше доведен од Челси за пет милиони фунти.
Минатата сезона европскиот шампион со Шпанија беше блиску до трансфер во Ливерпул, но тогаш одлучи да остане во Реал Сосиедад уште една година. Ова лето, исто така, беше поврзуван и со Реал Мадрид. Тој има вкупно 236 натпревари и десет гола за баскискиот клуб, како и 19 настапи во дресот на националната репрезентација.
26-годишниот Субименди ќе игра со број 36 на “Емирјатс”.