Дома Фудбал Арсенал одби изненадувачка понуда од Реал за трампа

Арсенал одби изненадувачка понуда од Реал за трампа

Управата на Арсенал веднаш ја одбила можноста да го размени Вилијам Салиба за крилниот играч на Реал Мадрид, Родриго.

Според „Спорт“, неочекуваната понуда дојде од страна на кралскиот клуб. „Топџиите“ бараат уште еден фланкер и неколку недели се поврзуваат со Бразилецот, но од „Емирејтс“ категорично одбиваат ова да се случи на сметка на столбот на одбраната на тимот. Самиот Салиба е среќен во Лондон и не инсистира на трансфер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според „Спорт“, понудата била за директна размена, бидејќи цената на двата играчи е приближно иста.

Реал е поврзуван и со централниот бек на Ливерпул, Ибрахима Конате, чиј договор истекува следното лето, а според шпанските медиуми, тој веќе има принципиелен договор со Реал.

Мерсисајдците се обидуваат да го убедат да потпише нов договор, но ако тоа не се случи во следните две недели, а Ливерпул успее да го привлече капитенот на Кристал Палас, Марк Геи, можно е Конате да биде продаден уште ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…