Дома Фудбал Арсенал мора да продаде ѕвезда од тимот

Арсенал мора да продаде ѕвезда од тимот

Арсенал конечно изгледа како тим што би можел да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сите во Англија. Манчестер Сити е единствениот кандидат што може да ги запре во таа намера и најверојатно ќе гледаме трка на двајца до крајот на сезоната. 

Тимот на Артета е значително засилено, Хинкапи е откупен, Зубименди, Ѓокереш, Мадуеке, Езе, сите се платени на огромна сума пари, а вкупно Арсенал во последната година потрошил 350 милиони евра за доведување играчи. 

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Дали знаете колку продале?

Нуно Таварес е најголемата продажба за 6 милиони евра, вкупно не собрале ни 15 милиони од продажби, што може да создаде проблеми со финансискиот фер-плеј. 

И тоа е причината зошто ќе мора да дојде до продажби во Арсенал во текот на летниот трансфер период, и веројатно е дека една ѕвезда од тимот ќе мора да го напушти клубот. 

„Топчиите“ ќе мора да попуштат, но не сакаат да се откажат од младите играчи кои вредат многу, како што се Луис-Скели или Енванери, но дури и нивната продажба нема да биде доволна да се помине контролата на УЕФА. 

Затоа изборот паднал на ѕвездите на тимот, Габриел Мартинели или Мартин Одегард. Мартинели пристигнал за само 7 милиони фунти, а неговата вредност сега надминува 50 милиони евра и би можел да го засили некој од европските конкуренти. Одегард, од друга страна, е светска класа, многумина ќе речат и најважниот фудбалер на Арсенал, капитен, и доколку стигне понуда тешка можеби и девет цифри, „топчиите“ би морале да ја прифатат. 

Хаверц исто така е во опција, додека Тросар и Жезус се играчи кои не можат да донесат огромни суми пари бидејќи нивниот договор истекува за година и пол. 

Арсенал заработува многу, веројатно е клуб кој забележал најголем раст во Премиер лигата на финансиски план што се однесува до маркетиншките активности и приходите од продажба на влезници, но ќе мора да го регулира и своето работење пред УЕФА во врска со трансферите…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопственикот на Интер Мајами ја откри платата на Меси.

Сопственикот на Интер Мајами Хорхе Мас ја истакна потребата од спонзорски договори за тимо…