Дома Фудбал Арсенал, Ливерпул или Манчестер Сити? Гуеи се одлучи за кој великан ќе потпише

Арсенал, Ливерпул или Манчестер Сити? Гуеи се одлучи за кој великан ќе потпише

На сите им е познато дека Марк Гуеи беше многу блиску до преселба во Ливерпул, но целата работа пропадна практично во последниот ден од преодниот рок.

Имено, тогаш тренерот на Кристал Палас наводно им се заканил на сопствениците дека ќе си замине ако го продадат Гуеи, затоа што нема време да најде соодветна замена за него.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Марк Гуеи влезе во последните шест месеци од договорот со Кристал Палас и доколку не замине за одредена сума во јануари, тогаш летово ќе замине како слободен играч.

Веќе на почетокот на јануари три екипи покажаа голем интерес за да го доведат Гуеи, а тоа се Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал.

Наводно, Гуеи ја донесе својата одлука, но еден клуб може да ја наруши работата. Станува збор за тоа дека Ливерпул и Манчестер Сити испратија официјални понуди до Гуеи, а играчот сака во Анфилд и не е заинтересиран да оди на Етихад, тврдат Англичаните.

Сепак, Арсенал сè уште нема испратено официјална понуда и наводно може да се обиде да го загрози договорот на Ливерпул, но само доколку Гуеи биде отворен за преселба на Емирејтс, но наводно неговата кариера ќе продолжи на Анфилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е фаворит на мароканската федерација

Поранешниот славен фудбалер и потоа старши тренер на Барселона, Чави Ернандес, може да ста…