
Според Sky Германија, раководството на Арсенал закажало преговори со Лајпциг за словенечкиот репрезентативец Бенџамин Шешко.
Арсенал е во потрага по напаѓач, а како можни засилувања се споменуваат имињата на Шешко и напаѓачот на лисабонскиот Спортинг, Виктор Ѓекереш.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
На интерен состанок, челниците на „топџиите“ разгледувале потенцијални нови засилувања.
Екипата, која последнава сезона беше вицешампион на Англија, веќе стапила во контакт со Лајпциг и договорила почеток на преговарачкиот процес за евентуален трансфер.
Шешко сезонава, заедно со Лоис Опенда, претставуваше клучна фигура во нападот на клубот на Ред Бул арената. Словенечкиот фудбалер постигна 21 гол во сите натпреварувања и запиша уште шест асистенции.
Во составот на Арсенал, менаџерот Микел Артета на располагање ги има Габриел Жезус и поливалентниот Каи Хаверц. Кога двајцата беа повредени, шпанскиот тренер го користеше средниот играч Микел Мерино како најистурен играч во нападот.
Арсенал ја заврши сезоната без освоен трофеј – како второпласирани во Премиер лигата и со елиминација во полуфиналето на Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен.