Дома Фудбал Арсенал ја претстави новата скапа ѕвезда

Арсенал ја претстави новата скапа ѕвезда

Арсенал официјално го претстави Еберечи Езе како нов член. Тоа се случи неколку минути пред почетокот на натпреварот на “топџиите” против Лидс.

Клубот од “Емирејтс” ќе му плати на Кристал Палас 60 милиони фунти плус осум милиони како бонуси. 27-годишниот офанзивен играч за врска е седмото ново засилување на Арсенал за ова лето, а клубот потроши 267 милиони фунти за влезни трансфери оваа сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Езе, кој беше на чекор до трансфер во Тотенхем, потпиша договор на четири години и ја зеде познатата маица со број 10, која ја носеа играчи како Денис Бергкамп, Месут Озил и Робин ван Перси.

Своите први чекори како дете во фудбалот Езе ги направи во академијата на Арсенал, но на 13 години беше ослободен и замина во Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал ја изневерил девојката со позната инфлуенсерка од Италија?

Шпанските медиуми крајот на 2024 година го поврзуваа Ламин Јамал со италијанската инфлуенс…