Дома Фудбал Арнолд со емотивна порака се збогуваше со Ливерпул, познато и каде продолжува

Арнолд со емотивна порака се збогуваше со Ливерпул, познато и каде продолжува

Англискиот фудбалер Трент Александар-Арнолд соопшти дека ќе го напушти Ливерпул по завршувањето на сезоната.

Нешто што веќе се најавуваше и речиси се знаеше дека доаѓа – Трент го завршува својот дваесетгодишен престој во саканиот клуб. Имаше надежи меѓу навивачите на Ливерпул дека написите во медиумите можеби ќе се сменат, но залудно.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Трент ќе оди во Реал, иако тоа не е напишано во неговото соопштение.

“После 20 години во Ливерпул, време е да потврдам дека заминувам на крајот од сезоната. Ова е најтешката одлука во мојот живот. Знам дека многумина од вас се запрашувале и биле разочарани зошто не говорев за ова, но мојата намера беше да се фокусираме целосно на тимот и да ги ставиме интересите на тимот во прв план, што беше осигурувањето на титулата. 

Клубот беше мојот целиот живот, мојот свет, 20 години. Поддршката и љубовта внатре и надвор од клубот ќе останат со мене засекогаш и ќе одам должник на сите. 

Од длабочината на моето срце – ви благодарам на сите – на сите тренери, менаџери, соиграчи, персонал и неверојатните навивачи. Благословен сум што ги живеам моите соништа и што никогаш не ги земам за здраво за готово посебните моменти и што сум среќен што го поминав сето ова со вас. Мојата љубов кон овој клуб никогаш нема да умре”, напиша Трент.

Тој за првиот тим на Ливерпул одигра 352 натпревари, постигна 23 гола и имаше 92 асистенции.

Фото: Liverpool FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави видео од Роналдо во Мадрид – едвај стоеше на нозе! (ВИДЕО)

Бразилецот Роналдо извонредно помина во Мадрид, гледаше финале на мастерсот помеѓу Каспер …