Дома Фудбал Арнолд реши да си замине, а Слот веќе договори негова замена

Арнолд реши да си замине, а Слот веќе договори негова замена

Вчера се појавија информации дека Трент Александар-Арнолд донесе конечна одлука и дека наредната сезона нема да биде играч на Ливерпул.

На маса освен понудата на Ливерпул за продолжение на договорот има и понуди од Реал Мадрид и Барселона, а одлучи својата кариера да ја продолжи во Мадрид.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Арне Слот веќе го заврши телефонскиот повик и договори доаѓање на замена за овој десен бек, а тоа ќе биде актуелниот фудбалер на Баер Леверкузен Џереми Фримпонг. Пред „црвените“ се неколку многу интересни месеци бидејќи е прашање дали Вирџил ван Дајк и Мо Салах ќе останат дел од клубот на „Енфилд“.

Токму тие двајца, заедно со Александар-Арнолд, се играчите на кои на крајот од сезоната им истекува договорот со Ливерпул и кои се слободни во потрагата за нова средина, секако ако не одлучат да потпишат нов договор со тековниот тим.

Последните информации од Шпанија велат дека Александар-Арнолд одлучи својата кариера да ја продолжи во Мадрид, поточно во екипата на Реал.

Како што тврди новинарот Кристијан Фалк, тренерот на Ливерпул Арне Слот е во редовен контакт со Фримпонг, и во последниот телефонски повик го договори неговото доаѓање на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадуваање: Дресот на Лионел Меси веќе не е најпродаван во САД

Дресот на Лионел Меси долго време беше најпопуларен по продажба во САД, но веќе не е така.…