
Иако се очекува дека стандардниот првотимец на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид, на „Енфилд“ не се премногу загрижени бидејќи имаат вистинска замена за него. Се работи за 21-годишниот репрезентативец на Северна Ирска, Конор Бредли, кому му се нуди нов, значително побогато договор.
Бредли одлично се снаоѓа на позицијата десен бек, а може да игра и во среден ред. Поранешниот тренер Јурген Клоп му даде шанса минатата сезона и во 23 настапи покажа дека ја заслужил. И кај новиот тренер Арне Слот се докажа, одигра 22 натпревари, а на сите ни остана во сеќавање кога во ноември, во средбата од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, кој „Црвените“ го добија со 2:0, одлично го чуваше Килијан Мбапе.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Бредли ја мина младинската школа на Ливерпул, а сезоната 2022/23 ја помина на позајмица во Болтон. Следеше успешното враќање во „Црвените“, а пред 15 месеци потпиша договор кој му важи до јуни 2027 година. Со тој договор заработува скромни 630 илјади евра годишно.
Сега Ливерпул му нуди продолжување на договорот до јуни 2030 година и многукратно поголема плата, односно 4.7 милиони евра по сезона, тврдат британските медиуми.