Најдобриот аргентински фудбалер, легендарниот Лионел Меси, поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари во квалификациите за Светското првенство 2026.
Како што пренесуваат светските медиуми, фудбалерот на Интер од Мајами е изоставен од конечниот список на селекцијата на Аргентина за натпреварите против Уругвај и Бразил.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Медиумите пренесуваат дека Лео Меси нема да игра бидејќи има дијагностицирана повреда на мускулот аддуктор.
Само ден претходно, славниот аргентинец постигна одличен гол за Интер во победата над Атланта јунајтед 2:1.
Оваа година, 37-годишниот Меси одигра само пет натпревари во сите натпреварувања (два во МЛС, три во КОНКАКАФ Лигата на шампионите), постигна четири гола и запиша две асистенции.
Лоша вест е и тоа што, покрај Меси, и фудбалерот на Рома Пауло Дибала не е вклучен во тимот поради повреда.
Репрезентацијата на Аргентина ќе игра против Уругвај на 22 март во Монтевидео, а против селекцијата на Бразил на 26 март во Буенос Аирес.
Аргентина моментално е прва во квалификациите за СП 2026 со 25 поени, пет повеќе од второпласираниот Уругвај. Бразил е петти со 18 поени.