
Фудбалската репрезентација на Аргентина ја победи селекцијата на Порторико со резултат 6:0 во пријателски натпревар.
Оваа 155. репрезентација на ФИФА ранг листата беше лесен залак за Меси и неговите соиграчи. Алексис МекАлистер и Лаутаро Мартинез постигнаа по два гола, а Лио Меси асистираше двапати.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Веќе во 14. минута, по акција во која Меси ја погоди пречката, топката се одби до Нико Гонзалес кој шутираше, но топката во мрежата ја насочи МекАлистер.
Во 23. минута, Меси во свој стил ја фрли топката преку одбраната на противникот, а Монтиел со волеј го погоди за 2:0.
До крајот на првото полувреме, МекАлистер постигна уште еден гол за 0:3.
Во второто полувреме, продолжи фудбалската поезија – Ечаверија постигна автогол во 64. минута, а потоа Лаутаро Мартинез ја презеде сцената. Во 79. минута постигна гол по асистенција на Нико Гонзалес, a во 84-та минута Меси му ја додаде со пета, а Лаутаро ја испрати по земја во далечниот агол за конечни 6:0.
Навистина би било штета да Меси откаже настап на Светското првенство, затоа што очигледно е дека уште има што да покаже и да пружи. Беше меѓу најдобрите играчи, иако не постигна гол…