
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција пред натпреварот од Лигата на шампионите против Монако, кој се игра вечерва во 21 часот. Говорејќи за реакциите на дел од публиката на Сантиаго Бернабеу, Арбелоа застана во одбрана на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор. “Очекувам и посакувам поддршка од Бернабеу за сите мои играчи, а особено за Винисиус,” изјави тренерот. Тој нагласи колку се важни навивачите за неговата игра, додавајќи дека “потребен му е Бернабеу за да ја покаже најдобрата своја верзија.”
Арбелоа го опиша Винисиус како играч со “огромно срце” и емоционалност која се одразува на неговиот фудбалски перформанс. Исклучи било каква можност да го изостане од тимот за да го заштити. “Ќе биде на теренот секогаш кога е достапен и кога неговиот учинок е на толку високо ниво. Како тренер на Реал, ако сакам да победам, ми е потребен Винисиус на теренот,” заклучи тој.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Арбелоа изнесе обвинувања, тврдејќи дека постојат организирани напади врз клубот. “Знам дека постојат акции за да се ослабне Реал Мадрид и знам кој ги организира,” изјави тој, но не сакаше да сподели повеќе детали.
На прашањето на новинарите да ги разјасни своите тврдења, кусо одговори: “Вие сте новинари. Јас сум тренер на Реал и фокусиран сум на натпреварот против Монако. Во тоа ја вложувам мојата енергија и ентузијазам.” Тој смета дека таквите работи нема да го разнишаат и дека свирежите ја ослабуваат екипата и клубот.