Дома Фудбал Арбелоа по поразот: Заслуживме да постигнеме повеќе голови

Арбелоа по поразот: Заслуживме да постигнеме повеќе голови

ХЕТАФЕ приреди големо изненадување со победа над Реал Мадрид со 1:0 во градското дерби. Голот на Мартин Сатриано беше доволен да му го нанесе на “Кралскиот клуб” вториот последователен пораз во Ла Лига и го оддалечи од водечката Барселона. Овој пораз е тежок удар за амбициите на Реал во борбата за титулата. По натпреварот, пред новинарите излезе тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, кој порача дека неговиот тим не се предава и покрај поразот што ги оддалечи на четири бода од Барселона.

“Во игра се уште 36 бода и наша единствена цел е да се бориме за да ги освоиме. Знам дека по поразот сè изгледа многу мрачно и дека нема многу надеж кога ќе изгубите на ваков начин. Никој нема да фрли пешкир, ова е Реал Мадрид. Јасно е дека четири бодови се разлика што веруваме дека можеме да ја намалиме”, изјави Арбелоа.

Презема одговорност

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Осврнувајќи се на самиот двобој, тренерот оцени дека неговиот тим заслужи повеќе. “Мислам дека имавме поизгледни шанси од Хетафе и дека можеме подобро. Од првата минута се обидувавме да дадеме гол. Имавме неколку шанси каде што заслуживме да постигнеме погодок, но, се разбира, и Хетафе одработи одлична работа”, рече тој.

Арбелоа се осврна и на пошироката слика на својот проект: “Гледам дека имаме одлични играчи и извонреден тим. Целта ни е да продолжиме да напредуваме. Разбирам критики, но мислам дека заслуживме да постигнеме повеќе голови, но едноставно не успеавме.”

Тренерот на Реал ја коментираше и негативната серија по поразите од Осасуна и Гетафе. “Тоа беа различни натпревари. Тешко беше да се справиме со ваков затворен тим. Вистина е дека премногу бараме од Вини, а треба да бидеме способни да го загрозиме голот од двете страни. Сепак, судијата дозволи одолжување, а Хетафе прави тоа што му се дозволи. Создадовме шанси за гол и можеме да играме подобро, тоа е вистина. Тоа е моја одговорност и ја преземам.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве каква казна ги очекува фудбалерите на Тотенхем ако испаднат во Чемпионшип

Игор Тудор не го започна својот период на клупата на лондонскиот клуб на посакуваниот начи…