Дома Фудбал Арбелоа по историскиот срам: Целта на Реал Мадрид се Ла Лига и Лигата на шампионите

Арбелоа по историскиот срам: Целта на Реал Мадрид се Ла Лига и Лигата на шампионите

Реал Мадрид доживеа историски шок со поразот во осминафиналето на Копа дел Реј од Албасете, второлигаш кој се наоѓа на дното на табелата, каде што славеше на домашен терен со резултат 3:2 (1:1).

Клубот што ги елиминираше „кралевите“ моментално е на 17-то место во Сегунда, а овој пораз, кој никој не го предвидуваше, беше дебитантски меч за новиот тренер Алваро Арбелоа, кој дојде за да го стабилизира тимот откако Чаби Алонсо замина од тренерската позиција во тимот од шпанската престолнина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во овој клуб и ремито е доволно лошо, речиси трагедија. Замислете како се чувствуваме по поразот. Болно е, сигурен сум дека навивачите страдаат, особено после пораз од понизок тим“, започна поранешниот бек на Реал, кој досега беше тренер на резервите на мадридскиот клуб, своето обраќање на пресконференцијата.

Арбелоа ја започна својата тренерска кариера во 2020 година како тренер на младинските категории на Реал и, како што истакна, 20 од своите скоро 43 години (роденденот му е в сабота) ги поминал кај шпанскиот гигант.

„Толку многу пати сум губел во животот. Тоа беа тешки порази и моменти, но мислам дека не оставаат трага. Ако нешто го дефинира клубот, тоа се победите, титулите и преполните витрини со трофеи. Не сум тука за да пополнувам биографија, туку за да му помогнам најдобриот клуб на светот и да ја наполнувам колекцијата со пехари“, уверува Арбелоа.

Поранешниот фудбалер на Реал, Ливерпул, Ла Коруња и Вест Хем додаде дека сериозно го сфаќа овој предизвик, но е уверен и дека претседателот на клубот Флорентино Перез може да ги разбере причините за елиминацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда на Барселона го исмеваше новиот тренер на Реал

Алваро Арбелоа доживеа историски пораз во својот деби на клупата на Реал Мадрид. Арбелоа ш…