Дома Фудбал Арбелоа испрати порака која ќе го „стресе“ Мадрид, а го спомена и Мурињо

Арбелоа испрати порака која ќе го „стресе“ Мадрид, а го спомена и Мурињо

Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот игра против Бенфика во натпревар кој носи огромен влог. Алваро Арбелоа зборуваше за Килијан Мбапе и заканата што ја претставува Жозе Мурињо. Порача дека мотивот не е одмазда, туку нешто многу поголемо.

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција пред вечерашниот дуел против Бенфика.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот започнува од 21:00 часот, а е јасно дека „Кралевите” ги очекува исклучително тежок предизвик.

Арбелоа не сакаше да потврди дали Килијан Мбапе ќе биде во стартниот состав.

Сепак, нагласи дека размислува исклучиво за победа, иако е свесен дека Бенфика нема да биде лесен противник. Особено затоа што тимот го води Жозе Мурињо:

„Знаеме какви се очекувањата пред нас. Целта е да победиме. Нашиот пристап е да играме навистина добар фудбал. Мора да знаеме што да правиме во секоја минута. Секогаш размислуваме за победа. Целта е да ја освоиме Лигата на шампионите, но нема никаква одмазда кон Бенфика”, порача тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо откри дали би се вратил во Реал Мадрид

Жозе Мурињо категорично ги отфрли шпекулациите за евентуално враќање на клупата на Реал Ма…