Дома Фудбал Арбелоа е на клупата на Реал само „фигура“, што најдобро го покажува последниот потег на Флорентино Перез

Арбелоа е на клупата на Реал само „фигура“, што најдобро го покажува последниот потег на Флорентино Перез

Реал Мадрид пред неколку дена доживеа нов шокантен пораз, овој пат во Лигата на шампионите и тоа од Бенфика.

Шпанскиот гигант се наоѓа во проблем, а ни неодамнешната замена на Чаби Алонсо и поставувањето на Арбелоа очигледно не дава резултати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Реал Мадрид се подготвени во последните денови да ја тестираат Манчестер Јунајтед со понуда за нивниот фудбалер.

Реал Мадрид се бори со Барселона за титулата во Примера, но во Лигата на шампионите ќе мора да играат во плејофот.

Перез за време на неделата одржа состанок со неколку играчи на Реал Мадрид, но на натпреварот против Бенфика виде колку е слаба одбраната на овој тим.

Секако, на тоа влијаат и повредите, но и факт е дека некои играчи не играат на нивото кое се очекува од нив.

Имено, Перез сака да ја засили одбраната, а наводно сфатил дека најголем проблем е на позицијата десен бек.

Така, се подготвени да ја испитаат решителноста на Манчестер Јунајтед, и во последните денови од преодниот рок подготвија понуда.

Перез наводно сака да го доведе Далот од Манчестер Јунајтед затоа што смета дека би бил засилување за овој тим.

Тој одигра 23 натпревари за Манчестер Јунајтед оваа сезона, од кои 18 пати беше во првата постава во Премиерлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Веројатно ова е последната сезона на Левандовски во Барселона, откри неговата сопруга

Иднината на Роберт Левандовски во Барселона изгледа предодредена. Барем таков заклучок мож…