Дома Фудбал Антонио Конте останува тренер на Наполи!

Антонио Конте останува тренер на Наполи!

Поминаа шест дена откако Наполи по четврти пат во историјата стана шампион на Италија. Шест дена исполнети со шампионска еуфорија, но и со неизвесност. Дали Антонио Конте, човекот кој гарантира титули во Серија А, ќе остане на чело на тимот? По долги преговори, нови договори и бројни средби, дилемата е решена – Конте ќе го води Наполи и во следната сезона!

Конте и Де Лаурентис излегоа од последниот состанок, а заедно со нив и симболичен “бел шум”. Фудбалски инсидерски кругови низ Европа се натпреваруваа кој прв ќе објави дека Наполи ја брани титулата со Конте. На социјалните мрежи дури се појави видео како Аурелио Де Лаурентис му отвора врата на автомобилот на Конте, со коментари дека колоритниот газда на Наполи никогаш не изгледал толку задоволен.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Не е заради романтични чувства кон Конте, туку од возбуда за идните успеси. На почетокот се чинеше дека двете страни можат да се разделат бидејќи имаа различни визии за иднината. Конте бараше зголемени буџети за сегашниот играчки состав, сериозни средства (околу 200 милиони евра) за наредниот трансфер период, и значителни инвестиции во тренинг центарот, кои би го чинеле клубот десетици милиони евра. Сето тоа со цел Наполи да започне да размислува за посериозни амбиции и на европската сцена.

Јувентус го контактираше Конте, сакајќи да го врати назад и сигурно дека искусниот тренер не беше имун на повикот на клубот со кој има освоено три шампионски титули. Но, наполитанската фудбалска страст му влезе под кожа, а со добиените гаранции од Де Лаурентис за реализација на неговиот план, сите пречки беа надминати и рацете беа стегнати во нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сега е јасно: Еве зошто Конте остана во Наполи – се надева на сценарио како во Јувентус!

Антонио Конте и неговото останување во Неапол и понатаму се топ тема на Апенините. Додека …