
Крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо, се наоѓа пред трансфер во Манчестер Сити, откако клубот одлучи да ја активира неговата клаузула за откуп од 65 милиони фунти (приближно 75 милиони евра). Се очекува трансферот да биде завршен до сабота, а медицинските прегледи Семењо треба да ги реализира веќе утре. Познатиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, го потврди ова со своето типично “here we go”, со што обично означува завршување на трансакцијата.
Сити ја искористи клаузулата во договорот на ганскиот репрезентативец, која требаше да се активира до 10 јануари. Медицинските прегледи се закажани веднаш по натпреварот што Бурнемут го игра против Тотенхем во среда вечер. Иако интерес за Семењо покажаа дури пет клуба, Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, само Сити успеа да ја испрати официјалната понуда, со што ја надмина конкуренцијата.
Ираола го прифати заминувањето
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Менаџерот на Борнмут, Андони Ираола, потврди дека натпреварот против Спарс би можел да биде последен за неговиот клучен играч. “Мислам дека би можел да биде последен натпревар. Тоа е мое мислење, но ништо не е договарано и ништо не е потпишано. Тоа е моето мислење бидејќи го разбирам пазарот и гласините, но во овој момент ништо не е потпишано”, изјави Ираола.
Оваа сезона Семењо беше еден од најдобрите фудбалери во Борнмут, со девет постигнати голови и три асистенции, а Ираола призна дека напаѓачот од Гана е “речиси невозможно да се замени”.