Дома Фудбал Анри совршено го разбира Гвардиола – поминал низ сличен бродолом!

Анри совршено го разбира Гвардиола – поминал низ сличен бродолом!

Поранешниот француски фудбалер Тјери Анри е убеден дека распадот на бракот на Пеп Гвардиола со неговата сопруга Кристина Сера е клучен фактор за психичката нестабилност на шпанскиот стратег и далеку послабите резултати оваа сезона со Манчестер Сити.

„Граѓаните“ во неделата попладне доживеаја вистински дебакл од Арсенал во дербито на Премиер лигата, а Анри смета дека бракот кој се распаднал го потресол Гвардиола на професионален план.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова претпоставка на Анри потполно има смисла ако се знае дека и самиот фудбалер при преминувањето во Барселона во летото 2007 година доживеал развод на бракот, баш во време кога му се приклучил на тимот што го водеше Гвардиола.

„Дали ми е жал поради она што му се случува на Сити и Пеп? Да. Не е лесно да се справите со она што ве мачи надвор од фудбалот. Поминав низ слично кога преминав во Барселона. Не е лесно да управувате со тимот, кога не сте психички на ниво”, рече Анри по убедливиот пораз на шампионот на Англија на гостувањето кај Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…