Дома Фудбал Англиските медиуми открија неверојатен договор што бил потпишан додека играчот беше под суспензија

Англиските медиуми открија неверојатен договор што бил потпишан додека играчот беше под суспензија

Според пишувањето на Daily Mail, СандроТонали за време на забраната потпишал продолжување на соработката со Њукасл кое му гарантира останување до 2029 година, со опција клубот автоматски да го продолжи договорот за дополнителни 12 месеци.

Досега се веруваше дека неговиот договор истекува во 2028 година, поради што многумина сметаа дека новиот спортски директор, Рос Вилсон, ќе мора брзо да реагира и да понуди продолжување.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, откритието покажува дека поранешниот спортски директор, Дан Ашворт, веќе тогаш ја обезбедил иднината на Италијанецот, во моментот кога тој беше под суспензија.

Извори наведуваат дека тој потег бил “гест на доверба” од двете страни – клубот застанал зад играчот, а Тонали возвратил со лојалност.

Од враќањето на теренот, Тонали стана еден од најдобрите играчи во средниот ред во Премиер лигата.

Претпоставката дека неговиот договор наскоро истекува наведе многу клубови да размислуваат за потенцијален трансфер, но сега е јасно дека Newcastle има цврста контрола над неговата иднина.

Тоа, сепак, не значи дека нема да биде понуден нов и подобрен договор.

Вилсон, кој ја презеде функцијата ова лето, е свесен дека игрите на Тонали заслужуваат награда, доколку самиот Италијанец изрази желба да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ла Лига ја одби жалбата, но Барса не се откажува

Денес пристигна потврда – Ханси Флик доби еден меч суспензија поради црвениот картон…