![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-11-153422-850x491.jpg)
Изгледа дека раководството на Ливерпул пронајде замена за Мохамед Сала, кој скоро сигурно на крајот од сезоната ќе ја напушти екипата од Енфилд.
Нов член на тимот од Англија треба да биде крилниот напаѓач на Ница, Мохамед-Али Чо, и Ливерпул планира да го доведе следното лето, тврдат новинарите од TEAMtalk.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Станува збор за еден од најдобрите млади фудбалери во Франција кој досега постигна пет голови и запиша три асистенции во 25 одиграни натпревари.
Овој млад фудбалер имаше интересен пат, бидејќи во 2015 година од Париз Сен-Жермен премина во Евертон.
Не можеа веднаш да го потпишат во Евертон, а тој во 2020 година се приклучи на тимот на Ангерс.
Потпиша професионален договор со оваа екипа, а кога Евертон сакаше да го задржи, не успеаја да постигнат договор.
Наводно, интерно во Евертон сметаат дека нивниот неуспех да го потпишат е една од најголемите грешки во последните неколку години.
Чо во 2022 година премина во Реал Сосиедад, а потоа во 2024 година пристигна во тимот на Ница за 12 милиони евра.
Сега Ливерпул сака да го ангажира наредното лето како замена за еден од најдобрите фудбалери, а тоа е секако Мохамед Салах.
Арне Слот сака фудбалер кој може да игра и на левото и на десното крило, а може добро да се снаоѓа и како напаѓач, а Чо ги играше сите овие позиции во Ница.
Успеа да постигне пет голови и запиша три асистенции оваа сезона, и играше и во Европската лига.
Чо неодамна потпиша за Ница и има договор до 2028 година и јасно е дека овој клуб може доста добро да заработи од неговата продажба.