Дома Фудбал Ангеловски удри по ФФМ: При избор на селектор треба да се има сериозен пристап

Ангеловски удри по ФФМ: При избор на селектор треба да се има сериозен пристап

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, јавно и остро реагираше на социјалните мрежи по одлуката Гоце Седлоски да биде назначен за нов предводник на националниот тим.

Во својата објава, Ангеловски упати сериозни критики кон раководството на Фудбалската федерација на Македонија, оценувајќи дека процесот на избор на селектор бил воден со несоодветен и несериозен пристап.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Селекторот Гоце Седловски ни риба ни девојка!

Несериозен пристап на раководството на ФФМ заедно со УО најпрво со селекторот Благоја Милевски а сега и со изборот на новиот селектор Гоце Седловски за клучните натпревари за пласман на Светско првенство кој претставува НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ!

Комисија или одлука на УО на ФФМ сеедно е!

При избор на селектор треба да се има сериозен пристап. Таа функција не трпи пресметки како за избор на гувернер на национална банка на една држава каде се “регулираат парите во оптек”

Вие не правите разлика, важно е само личните интереси да Ви бидат задоволени.

Ваков скандал колеги “мои” кои сте во комисијата и сакате да се амнестирате Ве молам да не ми се јавувате!

Одважете се и излезете јавно! Сите сте докажани, реализирани фудбалски професионалци!

Зошто дозволувате да бидете пандан зад кој се кријат “фудбалски стаорци”

После се што слушнав на денешниот семинар за тренери носители на про-лиценца кој се одржуваше во исто време кога беше промоција на новиот селектор во хотелот Хилтон и тоа од моите колеги кои беа во огромен број е причината да излезам јавно и да го изнесам мојот став.

Ако еден зборува тогаш или е до него или е до тебе. Ако двајца или повеќе зборуваат тогаш г. Омерагиќ треба да се замислиш.

Mакедонскиот фудбал ова не го заслужува!

Игор Ангеловски – поранешен селектор на Македонската Фудбалска Федерација кој заедно со целиот стручен штаб, играчите, техничкиот и медицинскиот персонал го постигна најголемиот историски успех во македонскиот фудбал.

ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО“, објави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комедија на Африканскиот Куп на Нации: Се интонираше една химна, а режисерот ја покажа другата репрезетација

Автентичната магија на Африканскиот куп на нации беше доловена во еден видеоклип кој брзо …