
По повеќе од пет години, Андру Тејт се врати на рингот. Се обиде во бокс во организацијата „Мисфитс“ и во борбата за титула беше поразен од Американецот Чејс де Мур со поделена одлука на судиите по шест рунди отворена борба.
Поранешниот кикбоксер, а веќе со години еден од најголемите светски влијателни лица по социјалните медиуми, Андру Тејт, се врати на рингот по пет години.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Овој пат се обиде во бокс. Организацијата Misfits, која е позната по организирање борби меѓу познати личности, му даде шанса против шампионот во тешка категорија Чејс де Мур и виде се заиста интересна борба, која секако не беше врвна.
Тејт имаше одлични две рунди, но тогаш Американецот, инаку поранешен играч на американскиот фудбал, тргна жестоко кон Тејт.
Де Мур погодуваше од рунда во рунда, Тејт беше на крајот од силите, но немаше удар кој би го пратил во царството на соништата.
Андру прими сериозни удари, одбиваше меѓутоа да падне, па одлуката за победникот на мечот отиде во рацете на судиите.
Еден судија мечот го бодуваше нерешено 57-57, а двајца го бодуваа 58-56 во корист на Де Мур и тој остана Misfits шампион.
— clips (@t8confidentiaI) December 20, 2025