
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, привлече големо внимание со својот список за мартовските натпревари, на кој недостасува Нејмар.
На истата прес-конференција даде изјава и за бројни други теми, истакнувајќи особено една смела констатација – дека според неговото мислење, во моментот Боде Глимт е најдобриот тим во Европа.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
“Во моментов, тоа е најдобриот и најорганизираниот тим во Европа. Не само поради резултатите, бидејќи ги поразија Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Интер и Спортинг, туку и затоа што се најдобриот дефанзивен тим во Европа”, изјави славниот италијански експерт.
Норвешката екипа оваа сезона продолжува да ги поместува границите и да ги изненадува фаворитите. Вечерва oд 18:45 часот ги очекува реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Спортинг во Лисабон.
Боде има огромна предност од 3:0 од првиот натпревар и се наоѓа на чекор до историскиот пласман меѓу осумте најдобри, каде што би се соочил со Арсенал или Баер Леверкузен.