Дома Фудбал Анчелоти понижи еден од фудбалерите на Реал – може да ги пакува куферите и да замине

Анчелоти понижи еден од фудбалерите на Реал – може да ги пакува куферите и да замине

Карло Анчелоти оваа сезона мака мачи со повреди во Реал Мадрид и тоа посебно во дефанзивата, сепак тој решил дека еден играч воопшто не му е потребен и дека до крајот на сезоната нема да добие минутажа независно од сите околности.

Анчелоти оваа сезона се соочува со најголемиот предизвик откако го води Реал Мадрид, бидејќи навистина е неверојатно колку неговиот тим има проблеми со повреди.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Ова особено се однесува на дефанзивниот ред каде веќе до крајот на сезоната остана без Дани Карвахал и Едер Милитао, а тек неодамна од повредите се опоравија Давид Алаба и Антонио Рудигер.

Повредите на искусните дефанзивци го ставија во преден план Раул Асенсио кој ја искористи својата шанса и одигра неколку одлични натпревари.

Сепак, она што е особено интересно се потезите на Анчелоти за стоперските позиции и одлуката таму да го користи Чуамени иако на располагање има играч кој за оваа позиција му е природна.

Станува збор за 28-годишниот Хесус Ваљехо за кого се очекуваше конечно да игра по сите овие бројни повреди, но тоа не се случи.

Ваљехо оваа сезона одигра само десет минути на еден натпревар и Анчелоти пред него одлучи дури да го користи Чуамени како стопер, што за овој играч е јасен сигнал дека што побрзо треба да бара нов клуб.

Шпанскиот весник „Релево“ утринава пишува дека Анчелоти и неговите помошници разговарале со Ваљехо откако тој самиот ја изразил својата незадоволство бидејќи не играл кога сите очекуваа конечно да добие шанса да се докаже.

Но, Анчелоти јасно му кажал дека на него не смета и дека повеќе не мора да се надева дека до крајот на сезоната ќе биде на теренот бидејќи тоа нема да се случи, и тоа е конечната одлука на искусниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседателот на Баерн: Мусиала ги има сите квалитети да стане легенда на клубот

Претседателот на Баерн (Минхен) Херберт Хајнер направи паралела помеѓу младиот талент Џама…