Дома Фудбал Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи за Светското првенство следната година.

Репрезентацијата на Бразил веќе порано се пласираше на СП. Бразил пред три дена го победи Сенегал со 2:0 во пријателски меч во Лондон, а утре во Лил ќе играат пријателски натпревар против Тунис, пред чиј натпревар зборуваше Анчелоти.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Нејмар не е на списокот играчи за дуелите со Сенегал и Тунис, но не е исклучен.

“На Нејмар му е потребен ритам, тоа е клучно по долгата пауза поради повреда. Остануваат шест месеци до објавувањето на конечниот список на играчи за СП 2026. Има доволно време да се врати во форма, бразилскиот шампионат завршува во декември”, рече Анчелоти, па додаде:

“Нејмар потоа ќе има доволно време да се одмори и спреми. Најважно е повторно да добие минутажа. Кога ќе продолжи бразилската лига, ќе има време да ги покаже своите квалитети и физичка кондиција”, додаде селекторот на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стана јасно колку долго ќе отсуствува Шешко од игра

Повредата на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Бењамин Шешко на неговото лево колено не е од…