Дома Фудбал Анчелоти: Не се сметам за најдобар, но не сум најглуп

Анчелоти: Не се сметам за најдобар, но не сум најглуп

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше во пресрет на утрешниот 1/8 финален домашен натпревар против Селта за Купот на кралот.

 Логично, главна тема на прес-конференцијата беше новиот тежок пораз од 2:5 од големиот ривал Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ова е состав кој има младост, енергија, посветеност што не ја покажува секогаш, но јас имам доверба во него. Пред еден месец играчите го освоија Интерконтиненталниот куп, пред 6 месеци – Лигата на шампионите, а сега се бориме на сите турнири. Понекогаш треба да ја платиш сметката… и во играта тој ден ја плативме. Ќе се бориме до крај, како и секогаш. Целосна доверба во сите мои играчи“.

„Не го следам бранот критики дека еден ден си најдобар на светот, а следниот ден си најглупав. Го имам потребниот баланс, што ми го даде искуството, да знам кој сум и да не ме понесе бранот, бидејќи инаку еден ден си најдобар, а следниот најлош. Мислам дека не сум најдобар, но не мислам ни дека сум најглупав“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…