Дома Фудбал Анчелоти имал порака до Модриќ: Не смеевме да го изгубиме овој меч

Анчелоти имал порака до Модриќ: Не смеевме да го изгубиме овој меч

Реал Мадрид направи голем чекор назад во походот за одбрана на титулата откако на Бернабеу загуби со 2:1 од Валенсија. Карло Анчелоти по натпреварот разговараше со Лука Модриќ и му објасни како стојат работите.

Познато е дека Италијанецот има посебно мислење за Хрватот, еднаш отворено изјави дека сè што Модриќ прави е со право. Тоа беше по расправата со Винициус по натпреварот со Леганес.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Не е чудно зошто трофејниот стратег го избра токму Хрватот, за да му објасни како стојат работите и дека поразот од Валенсија беше недозволив.

„Ла Лига е многу покомплицирана, не смеевме да дозволиме да го изгубиме овој натпревар“, наводно Анчелоти му рекол на искусниот играч за врска, пренесува „Дефенса Сентрал“.

Фото: Real Madrid CF/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…