Дома Фудбал Анчелоти го нападна судијата по црвениот картон на Белингем

Анчелоти го нападна судијата по црвениот картон на Белингем

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не го криеше своето незадоволство од судењето на Хозе Луис Мунуера Монтеро по нерешениот резултат 1:1 против Осасуна.

Искусниот италијански стратег имаше сериозни забелешки, како на одлуката за црвениот картон на Џуд Белингем, така и на неколку ситуации во шеснаесетникот на противникот, кои, според него, требало да бидат прегледани со ВАР, но беа игнорирани.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


„Одлично го започнавме натпреварот и добро го завршивме, и покрај тоа што долго време игравме со играч помалку. Што се однесува до црвениот картон на Белингем, сметам дека се работи за недоразбирање. Очигледно, судијата не го разбира најдобро англискиот јазик. Белингем му рече ‘од*би’, а не ‘е*и се’. Ако веќе се работи за погрешна интерпретација, шпанскиот превод би значел нешто како ‘не се шегувај со мене’, што не е навредлив“, кажа Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик пронајде уште едно засилување: Барселона бесплатно се засилува од Лондон?

Според последните информации од медиумите екипата на Барселона би можела да се засили со Т…