Дома Фудбал Анчелоти го губи трпението со Винисиус, ќе му одземе важна улога

Анчелоти го губи трпението со Винисиус, ќе му одземе важна улога

Карло Анчелоти го губи трпението со ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, и пред дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите му ја одземал важна улога во редовите на „кралевите“, пишуваат шпанските медиуми..

Имено, Анчелоти одлучил дека Винисиус повеќе нема да биде прв изведувач на пенали во тимот, а оваа одлука доаѓа откако Бразилецот промаши пенал минатиот викенд.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Винисиус беше трагичар на Реал во поразот од Валенсија, бидејќи промаши пенал при резултат 0:0, а на крајот „кралевите“ беа поразени со 2:1, што ги оддалечи значително од титулата првак на Шпанија.

Како што пренесува „Марка“, должноста за изведување пенали во тимот на Реал ќе ја преземе Килијан Мбапе. Интересно, три пенали што ги изнуди Мбапе оваа сезона останаа неискористени, бидејќи неговите соиграчи беа непрецизни од белата точка. Сега ќе има можност самиот да ги решава таквите ситуации.

За Винисиус, промашениот пенал против Валенсија беше втор по ред промашен казнен удар, бидејќи претходно беше непрецизен и против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Фото: Real Madrid/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…