Португалскиот стратег, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед и го чека своето деби на клупата кое ќе го има викендов во дуелот со Ипсвич.
Аморим по пристигнувањето првите тренинзи ги одработи со само десетмина фудбалери поради обврските кон репрезентациите. Во таква ситуација тој вклучил фудбалери од академијата на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аморим по пристигнувањето првите тренинзи ги одработи со само десетмина фудбалери поради обврските кон репрезентациите. Во таква ситуација тој вклучил фудбалери од академијата на клубот.
Во изјава за британски „Сан“ неименуван извор тврди дека сите на тренинот биле воодушевени од работата на Аморим. Исто така се истакнува дека тие му го дале прекарот „Мурињо 2.0“.
„Аморим зборуваше дека големи тренери не успеале да го повторат успехот на Сер Алекс Фергусон затоа што живееле во неговата сенка место да го натераат тимот да игра на нивни начин. Фудбалерите беа импресионирани од неговиот пристап и работа“, зборувал изворот за „Сан“.
Прекарот „Мурињо 2.0“ му го дале поради големите сличности во работата со неговиот славен сонародник.