
Спортинг од Лисабон едноставно повеќе не е истиот тим од кога замина Рубен Аморим.
“Лавовите” синоќа запишаа четврти последователен пораз во сите натпреварувања, односно првенството и Лигата на шампионите, а претходно со Аморим на клупата не изгубија ниту еднаш!
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Спортинг ја започна својата очајна серија со катастрофален пораз од Арсенал во Лигата на шампионите и тоа на својот “Жозе Алваладе” со резултат 1:5. Потоа следеа два уште пошокантни лигашки порази од Санта Клара (0:1) и Морейренсе (2:1), со што Спортинг го прекина дотогашниот максимален учинок од 11 победи, па сега Бенфика и Порто се доближија на само два бода заостанување.
Во исто време, во Лигата на шампионите Спортинг го доведе во прашање пласманот во најдобрите 8, со Аморим освоија 10 од 12 можни бода, ги разбија Манчестер сити на прошталниот меч на Аморим, но по поразот од Арсенал и Клуб Бриж останаа на 10 бода и моментално се на 12 позиција, а сигурно дека вечерва ќе се спуштат уште подоле.
Јасно е дека Тиаго Тешеира не е како Аморим, а големо е прашањето и дали ќе успее да го врати тимот на вистинскиот колосек.