Дома Фудбал Аморим шокиран од однесувањето на фудбалерот на Манчестер Јунајтед: Тој постојано коментира, можеби ја сака мојата позиција!

Аморим шокиран од однесувањето на фудбалерот на Манчестер Јунајтед: Тој постојано коментира, можеби ја сака мојата позиција!

Рубен Аморим го коментираше Бруно Фернандеш, осврнувајќи се на неговиот став додека е надвор од теренот поради повреда.

Капитенот на Манчестер Јунајтед се здоби со повреда во дуелот со Астон Вила, што го оддалечи од празничниот календар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И покрај тоа, тој присуствуваше на победата на Јунајтед против Њукасл со 1:0, а Аморим потенцираше дека Фернандеш и понатаму има голем интерес за тимот, посебно присуствувајќи на тренинг сесиите откако ќе заврши со својата терапија.

Откако се придружи на “црвените ѓаволи” во јануари 2020 година, Фернандеш никогаш не пропуштил повеќе од три натпревари во Премиер лигата во една сезона. Сепак, сега го очекува одмор од најмалку четири натпревари поради повредата на мекото ткиво. Јунајтед го доби првиот натпревар без својот капитен, совладувајќи го Њукасл со 1:0 на “Боксинг Деј”.

Аморим потврди дека Фернандеш нема да игра во наредните два натпревари, против Вулверхемптон и Лидс, а веројатно ќе го пропушти и гостувањето кај Барнли на 8 јануари. Тренерот се надева дека Фернандеш ќе биде повторно на терен за дербито против Манчестер Сити на 17 јануари. Тој објасни и колку капитенот е вклучен во тимските активности, иако не може да игра или тренира.

Тој не може да биде личност која ќе молчи кога не игра, тој секогаш има нешто да каже. Затоа е капитен. Понекогаш тоа има лоши страни, како начинот на кој мавта со рацете, но има и многу добри особини. Секој пат по натпревар или тренинг, откако ќе заврши со опоравување, тој оди и ги гледа другите како тренираат. Постојат многу нешта што не ги гледате, но што тој постојано ги прави. Ги следи тренинзите дури и по терапијата. Не знам дали ја сака мојата работа, но тој е лидер. Тоа момче е лидер, изјави Рубен Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Шкупи поставија ултиматум до газдата на клубот!

Поранешниот македонски првак Шкупи се наоѓа во длабока резултатска и организациска криза, …