
ТРЕНЕРОТ на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, им се извини на навивачите по историското понижување и испаѓањето од Купот на англиската лига од екипата на Гримзби Таун, која игра во четвртата лига, истовремено остро критикувајќи го својот тим. Јунајтед успеа на Блундел Парк да се врати од два гола негатива за да израмни и да се изборат за пенал завршница, но на крајот беше поразен.
“Жалам и морам да им се извинам на нашите навивачи. Начинот на кој влеговме во играта, едноставно не бевме на нивото. Со оглед на сето што се случува и колку сето тоа е важно за нашиот клуб, ова претставува проблем и треба да бидеме многу подобри,” истакна тренерот на Јунајтед по поразот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
“Чувството при пеналите беше исто. Се чини дека фудбалот беше праведен денес, подобрата екипа победи. Мојата работа е да разберам што се случи. Навистина ми е жал за нашите навивачи. Немам што друго да кажам. Навистина ми е жал,” додаде Португалецот.
Аморим рече дека неговите играчи “говореа многу гласно”, а на новинарско прашање што точно мисли со тоа, одговори: “Мислам дека многу јасно покажаа што сакаат. Верувам дека на сите им е јасно што се случи.”