
Тотнем синоќа го елиминира Манчестер Јунајтед од Лига купот со 4:3, а по натпреварот изјава даде Рубен Аморим.
После синоќешниот пораз на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим зборуваше генерално за состојбата во редовите на „Црвените Ѓаволи“.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Го покажавме нашиот дух во последните неколку натпревари, дури и кога губевме во тешки моменти“, рече Аморим.
Тој истакна и кој е долгорочниот план на Манчестер Јунајтед во годините што доаѓаат.
„Мислиме дека не можеме да освоиме медали, но се обидуваме апсолутно сè да подобриме. Напредуваме како тим од ден на ден”, рече Аморим и додаде:
„Нашата цел е да ја освоиме Премиер лигата. Тоа е нашиот краен план и цел. Колку време ќе трае таа цел, не знам, но се движиме кон тоа“.