Манчестер Јунајтед во моментов е на 13. место во Премиер лигата. Јунајтед има шест победи, четири нерешени исходи и седум порази, со 22 освоени бодови по 17 одиграни кола. Новиот тренер Рубен Аморим (39), кој пристигна од Спортинг Лисабон на 11 ноември, не успева да ја подобри играта на Јунајтед.
Португалскиот тренер во девет натпревари има четири победи, еден нерешен исход и четири порази, со гол-разлика 17:17. На Јунајтед итно му се потребни победи, а можност ќе има за два дена на гостување кај Волвс. Аморим не е заинтересиран за празничната атмосфера: “Единствено што сакам е да победиме.
🚨🗣 – Рубен Аморим за англиската култура на играње натпревари за време на Божиќ:
— UF (@UtdFaithfuls) 24 декември 2024
“Сакам само да победиме, луѓе. Не ми е грижа за Божиќ. Ништо!” 😬
[🎥 – @BeanymanSports]pic.twitter.com/fFHZAWUy2K
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Не ми е ваажен Божиќ. Фокусиран сум само на тоа дека мораме да победиме во следниот натпревар. Тоа е единственото што ме интересира. Ова е одлично за навивачите. Ние сме привилегирани. Можеме да играме на Boxing Day за да донесеме малку среќа на навивачите, а многу сакаме да постигнеме уште една победа.”
Да потсетиме, Јунајтед изгуби дома од Борнмут во 17-то коло од Премиер лигата.
Тимот на Рубен Аморим има три порази во последните четири натпревари во Премиер лигата.