
Манчестер Јунајтед ќе се сврти кон трансфер пазарот ова лето за да го зајакне својот играчки кадар, а Рубен Аморим и неговиот стручен штаб најдоа напаѓач во Шпанија.
Црвените ѓаволи зад себе имаат една од најлошите сезони во долгогодишната историја на клубот, сезона што сите во клубот ќе се обидат што побрзо да ја заборават.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Во англиската Премиер лига завршија на очајното 15-то место на табелата, во домашните купови испаднаа во раната фаза, а последниот удар им го зададе ривал од Англија – Tottenham Hotspur, кој ги победи во финалето на Европската лига.
Сето тоа значи дека Манчестер Јунајтед уште една сезона заврши без трофеј во кабината и уште еднаш ги разочара своите навивачи кои сѐ повеќе губат трпение со своите миленици.
Како што пренесува шпанскиот весник „Фихајес“, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на Луис Суарез.
Не, не се работи за легендарниот Уругваец, овој Луис Суарез е роден во Колумбија и моментално игра за екипата на Алмерија која се натпреварува во Ла Лига 2, вториот ранг на шпанскиот фудбал.
Во изминатата сезона, Суарез блескаше во ова натпреварување и постигна 27 гола што го постави на првото место на листата на стрелци.
Фото: Принтскрин