Дома Фудбал Aморим има краток список на „недопирливи“: Сите останати може да заминат

Aморим има краток список на „недопирливи“: Сите останати може да заминат

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, пред себе има најтежок предизвик во кариерата и свесен е дека го очекува долг пат.

Веќе повеќепати пишувавме за негативните бројки на Јунајтед откако дојде во Манчестер, па затоа е јасно дека Португалецот ќе мора да промени многу нешта.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Но, поради тоа, Аморим некои играчи ги карактеризираше како “недопирливи” и ги гледа како основа во својот проект.

Оние кои не смеат да си одат по никаква цена се – Андре Онаа, Матејс де Лихт, Лени Јоро, Нусер Мазрауи, Коби Мејну и Амад Дијало.

Аморим верува дека тие се иднината на клубот и дека околу нив сака да ја гради остатокот од тимот.

Јасно е дека први за заминување се Маркус Рашфорд, Хари Мегваер, Виктор Линделоф, но ќе биде интересно ако пристигнат понуди за досега незаменливите Лисандро Мартинез, Диого Далот, како и скапо платените Антонио, Расмус Хојлунд, како и талентираниот Алехандро Гарначо кој исто така падна во втор план.

Се шпекулира дека Џошуа Зиркзе може да се врати во Италија веќе зимава, а сигурно е дека деновите се изброени за Каземиро, Кристиан Ериксен…

Без сомнение, 2025 година веројатно ќе биде најтурбулентната на “Театарот на соништата”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по голем…