Дома Фудбал Аморим го „отпиша“, а тој одби 35 милиони евра по сезона

Аморим го „отпиша“, а тој одби 35 милиони евра по сезона

Во Манчестер Јунајтед ќе се случат многу промени во тимот за време на јануарскиот преоден рок. Или барем ќе се обидат да ги направат.

Рубен Аморим пристигна во многу деликатен момент. Сама неговата одлука да дојде во Манчестер Јунајтед токму сега е многу дискутабилна и ќе биде потребно многу време клубот да се прочисти и правилно да се води кон нови успеси кои “Стар Трафорд” долго не ги видел.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Неколку играчи сигурно ќе го напуштат Јунајтед оваа зима за да се дефинира буџетот и да се создаде простор за нивни замени, кои ќе бидат поприспособени на системот на португалскиот стратег. Еден од оние кој не беше во плановите на Аморим е Маркус Рашфорд, кој очигледно сака да остане во клубот.

Показател за тоа е, како што вели “Дејли Мејл”, неговата одлука да одбие три понуди од Саудиска Арабија! Најголемата цифра наводно изнесувала 35.000.000 фунти по сезона договор. Тој сака да се бори за место во тимот, наводно е подготвен да се посвети повеќе на идеите на новиот тренер и на самиот труд.

Пред неколку дена против Њукасл, Рашфорд по четири натпревари надвор од протокол беше на клупата и не доби можност да игра во поразот 0:2 на “Стар Трафорд”. Наредниот натпревар го очекува против Ливерпул во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снегот не ги промени плановите: Дербито на „Енфилд“ ќе се игра! (Видео)

Фудбалерите наЛиверпул иМанчестер Јунајтед треба да го одиграат дербито на 20. коло од Пре…