Аморим е официјално тренер на Манчестер Јунајтед од 11 ноември, но мораше да чека формалности околу работната дозвола за да може да го води тренингот на овој тим.
Конечно Аморим започна со работа, и денес го водеше првиот тренинг на тимот пред гостувањето кај Ипсвич.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно Аморим сака да се обиде и во Манчестер Јунајтед да ја имплементира својата тактика, а тоа е 3-4-3 која ја играше и со Спортинг и тоа со доста успех.
Како што пренесуваат „Манчестер Ивнинг Њуз“ изненадувачки повик на тренинг со првиот тим доби 16-годишниот Куконки кој до сега не работел со првиот тим.
Complete highlights of Ruben Amorim’s first training session at Manchester United ❤️ pic.twitter.com/HIUraQtSKZ
— centredevils. (@centredevils) November 19, 2024