
Тоа беше мрачно неделно попладне за Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед, кои го напуштија стадионот Етихад со празни раце. Екипата на Пеп Гвардиола славеше во градското дерби со убедливи 3:0, благодарение на голот на Фил Фоден и два незаменливи погодоци на Ерлинг Халанд, а коментарите на Аморим по натпреварот дополнително ги разбеснија навивачите на Олд Трафорд, пишува givemesport.com.
Аморим, кој го замени Ерик тен Хаг на клупата во ноември 2024 година, сѐ уште не успеа да соединe две победи во Премиер лигата. Својата прва, иако нецелосна, сезона ја заврши на разочарувачкото 15-то место, а неговата екипа го изгуби и финалето на Лига Европа од Тотенхем со резултат 1:0. Ни летниот преоден рок, во кој се потроши многу, не донесе подобрување. Со само четири бода од толку натпревари, ова е најлошиот старт на сезоната за Манчестер Јунајтед во првенството уште од сезоната 1992/93.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во клубот пристигнаа Матеус Куња, Брајан Мбеумо и Бенџамин Шешко за да го зајакнат нападот, а донесен е и младиот белгиски голман Сене Ламенс. Сепак, проблемите во средниот ред повторно беа занемарени, а интересот за Карлос Балебу брзо се изгуби. Затоа, сезоната 2025/26 од резултатска страна изгледа подеднакво лошо како и претходната.
Аморим, кој постигна само 18 победи во 47 натпревари на клупата на Црвените ѓаволи, е свесен за своите слаби резултати, но не се откажува од своите принципи. Тој изјави дека нема намера да го промени својот пристап сѐ додека управата, која го донела, не одлучи да го смени.
„Ова не е рекорд што треба да го имате во Манчестер Јунајтед. Има многу работи. Немате поим што се случи во текот на овие месеци, но тоа го прифаќам. Нема да се променам. Кога ќе сакам да ја променам мојата филозофија, ќе ја променам. Ако не, мора да го промените човекот“, категорично изјави Аморим.