Според медиумите, тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нема милост и ќе избрка тројца играчи од Олд Трафорд. Станува збор за големи ѕвезди и една од нив е веќе понудена на Барселона.
Аморим нема добар почеток на клупата на Манчестер Јунајтед, бидејќи неговиот тим доживеа порази од Арсенал и Нотингем Форест.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 39-годишник и компанијата ИНЕОС, која управува со Јунајтед, се подготвуваат за големи промени во наредните месеци, бидејќи лошите резултати го вклучија алармот.
Флоријан Плетенберг од германскиот „Скај Спорт“ верува дека повеќе од половина од тимот на Јунајтед е на продажба.
Извештаите од Шпанија кажуваат дека Аморим сака да продаде тројца играчи веќе во јануари, односно дека се на трансфер листата.
Трите ѕвезди кои се принудени да ги спакуваат работите се Антони, Кристијан Ериксен и Маркус Рашфорд.