Дома Останати Тенис Американците сакаат да му наштетат на Ѓоковиќ: Организаторите не го сакаат во финале на Ју-Ес Опен!?

Американците сакаат да му наштетат на Ѓоковиќ: Организаторите не го сакаат во финале на Ју-Ес Опен!?

Новак Ѓоковиќ во петок ќе игра полуфинален натпревар на УС Опен. Неговиот противник е чудесниот Карлос Алкараз, но според мислењето на познатите лица од светската сцена, на Шпанецот не треба да му се даде улога на фаворит.

Новак Ѓоковиќ го следи својот 25. Гренд Слем наслов. Повторно е многу близу до трофејот, а на УС Опен во полуфиналето ривал му е Карлос Алкараз.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Шпанецот влегува во овој натпревар како фаворит. Против Новак ќе биде апсолутно сè, како терминот за натпреварот во кој се игра, така и публиката во Њујорк со која Новак има проблеми со години.

За тоа зборуваше славниот голфер Рори Мекилрој.

„Го гледав Новак претходната ноќ и видов дека мора да се справи со американската публика која е против него. Тој го прави тоа на вистински начин и низ целата кариера кога и да игра против Американци или кога играл со Федерер или Надал”, изјави Мекилрој.

Познатиот шпански тенисер, а сега тренер на Карлос Алкараз, Хуан Карлос Фереро, смета дека неговиот миленик не е фаворит во овој натпревар.

Сметаат дека организаторите го прават сето да не му дозволат на Новак да дојде до титулата.

„Го исполнија барањето на Карлос Алкараз. Бараше дневен термин и го доби. Новак, уништи им соништата.”

„Изгледа дека не го сакаат Новак во финалето“, сметаат тие.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…