Реал, по драматичниот натпревар против Атлетико, се избори за четвртфинале на Лигата на шампиони, каде што ќе ги чека Арсенал.
По поразот од 2:1 на Сантјаго Бернабеу, Атлетико во реваншот славеше со 1:0 со голот на Конор Галагер во првата минута.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Продолженијата не донесоа промена во резултатот па пеналите решаваа за тоа кој ќе продолжи понатаму. Реал беше поуспешен со 4:2, а главна тема беше поништениот пенал на Хулијан Алварез, кој се лизна и двапати ја допре топката.
По натпреварот, Алварез се изјасни на X, изразувајќи разочарување од испаѓањето и честитајќи му на Реал, но за поништениот пенал не коментираше.
„Боли да испаднеш откако си дал сѐ на теренот и се бориш до последната минута. Не ни беше судено, но оваа екипа покажа карактер, посветеност и срце. Благодарни сме на нашите навивачи што секогаш се тука, навиваат без престан и ја прават секоја утакмица посебна. Сега е време да продолжиме и да се фокусираме на тоа што следи. Честитки за Реал Мадрид за пласманот“, напиша Алварез на X.