
Аргентина синоќа убедливо го победи Бразил со 4:1 пред своите навивачи, а по натпреварот во центарот на вниманието се најде Хулијан Алварес откако пред новинарите го спомена Лионел Меси.
Аргентинците уште еднаш ја покажаа својата моќ бидејќи на Монументал полесно од очекуваното го совладаа Бразил со дури 4:1.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Со овие три бода актуелните светски шампиони веќе го потврдија својот пласман на Светското првенство и покажаа доминација, без оглед што во последните два натпревара не можеа да сметаат на Лионел Меси.
Головите за Аргентина синоќа ги постигнаа Хулијан Алварес, Енцо Фернандес, Алексис Мак Алистер и Џулијано Симеоне, а единствениот погодок за Бразилците во ноќта која тие сакаат што поскоро да ја заборават, го даде Куња.
По натпреварот, во фокусот беше токму Алварес кој игра во фантастична форма во Атлетико Мадрид, а тој го демонстрираше тоа и на синоќешниот меч за својата репрезентација.
Алварес застана во микс зоната по натпреварот за да одговори на неколку новинарски прашања, и го спомена и Меси за дополнително да ги „испровоцира“ Кариоките.
„Ако го имавме Меси вечерва на теренот, ќе им дадевме уште два-три гола“, со насмевка рече Алварез.