
Шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид – Xabi Алонсо синоќа дозна многу лоши вести за кралскиот клуб.
Синоќа се одигра натпреварот од квалификациите за Светското првенство помеѓу Франција и Азербејџан.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Триколорите“ поведоа со гол на Мбапе, а водството го дуплираше Рабио кој постигна гол на асистенција, на кого друг, ако не на Мбапе.
Во 83-та минута, феноменалниот Французин мораше да ја напушти играта поради повреда, а го замени Товен.
И самиот Товен се најде на листата на стрелци до крајот на натпреварот и го постави конечниот резултат кој гласеше 3:0 за Франција.
По натпреварот, селекторот на Франција на прес-конференцијата го спомена повредата на Мбапе.
“Доби уште еден удар на истиот зглоб кој веќе беше повреден. Болката се намалува кога одмора. На натпреварот контактите се неизбежни. Ќе ја процениме состојбата. Има непријатност која му пречи”, рече тој.