
Чаби Алонсо го презеде тренерското кормило на кралскиот клуб и веќе почна да прави значителни промени во тимот.
Реал Мадрид зад себе има прилично лоша сезона, ако се земе предвид какви стандарди поставува кралскиот клуб.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Нивниот најлут ривал – Барселона ги порази на три фронта, а тоа се Шпанскиот Суперкуп, Купот на кралот и шпанското првенство.
Што се однесува до нивното „омилено“ натпреварување – Лигата на шампионите, таму беа запрени во четвртфиналето кога ги исфрли Арсенал.
По долго време, Реал Мадрид остана без ниеден трофеј во сезоната, а на лето им следува комплетна реконструкција.
На тренерската позиција веќе имаше промена каде Чаби Алонсо го замени легендарниот Карло Анчелоти.
Шпанскиот стручњак веќе официјално беше претставен во кралскиот клуб и најави почеток на нова ера.
Веќе се договорени неколку влезни трансфери, а меѓу другите тоа се Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен и Алваро Карерас.
Покрај влезните трансфери, ќе мора да има и неколку заминувања, а легендата на Реал Мадрид – Лука Модриќ, веќе потврди дека заминува од Сантијаго Бернабеу.
Уште едно име кое често се поврзува со заминување од кралскиот клуб е брзото крило Родриго.
Шпанскиот лист „SPORT“ наведува дека Лука Модриќ и Лукас Васкез не се единствените на кои Чаби Алонсо нема да смета следната сезона.
Според нивните информации, Алонсо веќе го „отпиша“ Ферлан Менди кој во 2019 година дојде за прилично висока сума од 53 милиони евра.
Фото: Grok AI