Дома Фудбал Алонсо воодушевен од својот фудбалер: Тој е комбинација на Озил и Гути!

Алонсо воодушевен од својот фудбалер: Тој е комбинација на Озил и Гути!

Реал Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Јувентус во третото коло од Лигата на шампионите. Екипата на тренерот Чаби Алонсо ја бара третата победа по ред за да се приклучи на врвот на табелата. Во пресрет на европското дерби, во центарот на вниманието се најде младиот турски играч од средниот ред, Арда Ѓулер (20), кого тренерот Алонсо го пофали.

На прес-конференцијата пред натпреварот, Чаби Алонсо направи споредба со двајца легендарни играчи на Реал. „Со својот квалитет, Ѓулер е мешавина од Озил и Гути. Гути имаше визија и префинетост за поврзување на играта или дејствување поблиску до голот, а со Месут толку уживав во фудбалот. Арда има нешто посебно, природен талент кој не може да се научи“, изјави Алонсо со насмевка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тренерот додаде дека е важно внимателно да се води неговиот развој: „Мораме да продолжиме да го туркаме и поддржуваме, но многу сме среќни од влијанието што го има врз нашата игра.“ Со 19 години, Ѓулер го потврдува статусот на еден од најперспективните играчи од средниот ред во Европа, а зборовите на Алонсо се доказ за големата доверба што ја ужива во соблекувалната.

Откако во 2023 година пристигна во Реал од Фенербахче за 24 милиони евра, Ѓулер има одиграно 72 натпревари, постигнато 15 голови и 16 асистенции. Оваа сезона има три гола и пет асистенции на 11 натпревари.

Гути (48) беше шпански играч од средниот ред кој од 1996 до 2011 година запиша 542 настапи и постигна 77 голови за Реал. Пет пати го освои шпанското првенство, а три пати Лигата на шампионите. Кариерата ја заврши во 2011 како член на Бешикташ. За шпанската репрезентација настапи 13 пати.

Месут Озил (37) играше за Реал од 2010 до 2013 година, а остатокот од кариерата го мина во Рот-Вајс Есен, Шалке, Вердер, Арсенал, Фенербахче и Башакшехир. Се пензионираше во 2023 година. Во Кралскиот клуб одигра 159 натпревари, постигна 27 и намести 80 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дилета Леота се пофали на социјалните мрежи – објави фотографии во прекрасно издание (Фото)

Познатата италијанска спортска водителка Дилета Леота привлече внимание на јавноста со обј…