Дома Фудбал Алонсо на таен состанок барал четири засилувања за 400 милиони: „Тоа е мојот услов”

Алонсо на таен состанок барал четири засилувања за 400 милиони: „Тоа е мојот услов”

Откако го напушти Реал Мадрид, Хаби Алонсо е блиску до нова ангажираност и наводно треба да ја преземе екипата на Ливерпул.

Хаби Алонсо одлично работеше на клупата на Бајер Леверкузен, сензационално освојувајќи ја титулата, но преминувањето во Мадрид не беше најдобрата одлука.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Шпанецот не успеа да се справи со притисокот и соблекувалната полна ѕвезди, и по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија доби отказ.

Сепак, јасно е дека Алонсо нема долго да чека нова работа. Се верува дека Ливерпул веќе го контактираше и дека Шпанецот е подготвен повторно да се врати во својот поранешен тим.

Легендарниот шпански играч од средината на теренот наводно ја изразил својата позиција: ако ги преземе Црвените, очекува целосно влијание врз трансфер пазарот. „Тоа е мојот услов”, наводно рече Алонсо.

Англиските медиуми пишуваат за тајна средба која ја имал со челниците на клубот и на истата им предложил да вложат околу 400 милиони фунти за нови засилувања.

Алонсо, како што пишуваат британските медиуми, побарал да се донесат четворица млади таленти: Мики ван де Вен, Адам Вортон, Бредли Баркола и Мајкл Олизе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…