Дома Фудбал Алонсо мака мачи, против третолигашот вечерва речиси и да не можа да ротира

Алонсо мака мачи, против третолигашот вечерва речиси и да не можа да ротира

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва ќе се соочат со третолигашот Талавера во рамките на Купот на кралот, а Чаби Алонсо сеуште се соочува со значителни кадровски проблеми.

Денес го објави списокот на играчи, но на него не се наоѓа ниту Раул Асенсио, кој поради вирус се приклучи на долгата листа на повредени фудбалери. Од претходно поради повреди отсутни се Дани Карвахал, Трент Александер-Арнолд, Едер Милитао, Давид Алаба, Антонио Ридигер, Ферлан Менди, Едуардо Камавинга, додека Тибо Куртоа и Феде Валверде добија заслужен одмор, а Браим Дијаз замина на Купот на африканските нации.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Поради тоа Чаби Алонсо има ограничени можности за ротирање на играчите. И покрај тоа, е познато дека Ендрик и Гонсало Гарсија ќе бидат дел од стартната постава, бидејќи Мбапе и Винисиус Жуниор мора да се одморат, додека Родриго се очекува конечно да заигра на левото крило.

Натпреварот меѓу Талавера и Реал Мадрид е закажан за 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пикси пред потпис: Брзо пронашол нов ангажман!

Поранешниот селектор на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси наскоро би можел да…